Фалун Гонг е древна кинеска дисциплина во Буда школото. Се состои од морални учења, медитација и четири едноставни вежби кои што се уникатни и на многу ефективен начин го подобруваат вашето здравје и енергетското ниво.
Во сржта на Фалун Гонг се вредностите на Вистинитост, Добродушност и Толеранција (или на кинески: Zhen, Shan, Ren). Фалун Дафа не учи дека ова се најосновните квалитети на универзумот и ги користи како водич во секојдневниот живот и практицирањето.
Во зборовите на оснувачот на Фалун Гонг, господин Ли Хонгџи, "асимилацијата со највисоките квалитети на универзумот - Вистинитост, Добродушност и Толеранција - е основата на практицирањето."
Фалун Гонг е подеднакво познат под името Фалун Дафа.
До 1999. година, Фалун Гонг прерасна во најголема пракса од својот тип, која најбргу се прошири во Кина и во светот. Само седум години од претставувањето во јавноста во 1992. година, се проценува дека околу 100 милиони луѓе го практикуваа Фалун Гонг.
Во Азија, духовни пракси од овој вид се многу често наведени како начини на "култивација" или "само-култивација" и се интегрален дел од традиционалната кинеска култура. Разни таоистички, будистички и праксите од Конфуцианизмот припаѓаат на оваа група.
Преку конзистентна и посветена пракса, практикантите на Фалун Гонг достигнуваат состојба на несебичност, поголем увид и свест, внатрешна чистотиа и баланс - подлабока состојба на вистинско здравје. На крајот тој или таа ќе достигнат состојба на духовно достигнување што во азиската традиција е познато како "просветлување" или "достигнување на Тао (Пат)".
За разлика од монастичките методи на култивација, Фалун Гонг се практицира во опшеството, со ученици кои се мажат/женат, растат деца и имаат разни кариери. Како таква, Фалун Гонг праксата се стреми кон внатрешна трансформација на себеси, меѓутоа помага кон позитивни промени и во светот, така што практикантот станува поистраен член на фамилијата, совесен работник, или поактивен член на опшеството.
Фалун Гонг е предмет на многу награди и прогласи, доделени од владини представници и разни организации. Многу практиканти на Фалун Гонг се приматели на награди за услуги во нивните заедници и на нивните работни места.
“[Фалун Дафа] работи на енергетско ниво. Доаѓа до длабоките корени на болеста преку работа на умот и телото.” Др. Џиндуанг Јанг - Доктор
“Како музичар, моето опкружување не беше најздраво. Но кога почнав да практикувам Фалун Гонг, за еден месец успеав да ги отфрлам сите тие опасности, алкохолот и дрогата” Стерлинг Кампбел - Професионален музичар
“Следбениците на Фалун Гонг во Кина одговорија на ... прогонот со издржливост, ненасилство и креативност.” Freedom House - Организација за човекови права
“Јас дојдов до Фалун Гонг како 57-годишна жена, истоштена од животот. Пет години подоцна, јас добив помлад изглед, моите брчки речиси исчезнаа и мојата енергија постојано расте.” Connie Chipkar - Практикант на Фалун Гонг
“Фалун Гонг… е, според моето расудување, најголемо спиритуално движење во Азија денеска. Ништо не може да се спореди со него во храброст и важност.” Марк Палмер - Поренашен амбасадор на САД
“Практикантите на Фалун Гонг се големи сведоци на храброст и мир. Многу членови на Фалун Гонг се големи херои на слободата на Интернетот.” Крис Смит - Член на конгресот на САД
Основачот на праксата, господин Ли Хонгџи, е пет пати номиниран за Нобелова награда за мир, а од Европскиот парламент е номиниран за Сахарова награда за слобода на мислата. Тој е добитник на наградата за меѓународната религиозна слобода на Freedom House.
Избегнувајки го центарот на вниманието, господин Ли ја води праксата преку неговите книги и статии и повремените говори, типично за време на Фалун Гонг конференциите. Господин Ли секогаш инсистира праксата да бите бесплатна и достапна за сите и затоа сите Фалун Гонг книги и видеа се достапни бесплатно на интернет.
Малку луѓе денеска се свесни дека Фалун Гонг и неговите практиканти добија многу во смисла на официјално признавање во Кина за време на 1990-тите години, пред драматичното и насилно менување во политичките води во 1999. кога започна прогонот на праксата.
Истата година, во весникот "Народна јавна безбедност" - официјалниот весник на Кинеското министерство за јавна безбедност - е пофален гоподин Ли за неговиот придонес "за промоција на традиционалните врлини на кинескиот народ за борба против криминалот, во заштита на опшествениот ред и безбедност и во промоција на искреноста во опшеството."
До 1999. година, кинеските официјални лица отидоа толку далеку во признавањето на добробитите на Фалун Гонг, што на пример едно официјално лице од Кинеската национална спортска комисија, во интервју за американскиот часопис U.S. News&World Report изјави дека Фалун Дафа "на секој човек може да му заштеди 100 јуани годишно во медицински сметки. Ако 100 милиони луѓе практикуваат Фалун Дафа, тоа се 100 милијарди јуани заштедени годишно во медицински сметки."
Истото официјално лице изјави дека: "Премијерот Џу Ронгѓи е многу среќен поради тоа."
Денеска Фалун Гонг се практицира во повеќе од 70 земји низ светот, со клубови и асоцијации што постојат низ многу градови, компании, универзитети и други локации.
Можно е многу скоро да биде организиран еден во паркот блиску до тебе.
За да дознаете повеќе, посетете ги следните страници:
Подетални информации за Фалун Гонг праксата и учењето на Пракса или Учење и верувања.
За информации каде и како да научите Фалун Гонг, посетете ја страницата: mk.falundafa.org