Вести за Фалун Дафа и за кризата на човековите права во Кина

Прогон на Фалун Гонг

Насилно потиснување на 100 милиони луѓе

Ова е една од најголемите кампањи за религиозен прогон што се случува во светот денеска. Милиони невини луѓе во Кина се отпуштани од работа, затворани, мачени или убиени само затоа што практикуваат Фалун Гонг. А Кинеската комунистичка партија чини се само да го сокрие тоа од тебе.

Се почна во среде ноќ, 20. јули 1999. година.

Низ Кина, под велот на темнината, полицијата ги извлекуваше обичните луѓе од нивните постели. Многумина беа одведени во затвори, други беа претепани, а некои умираа од мачење.

Полицијата дејствуваше по директиви од врвот, од шефот на Комунистичката партија, Џијанг Цемин, кој нареди да се уништи Фалун Гонг. Повеќето мислат дека Џијанг беше огорчен поради популарноста на Фалун Гонг, бидејки бројот на практикантите го надмина бројот на членовите на Комунистичката партија на Кина и дека се реши да го уништи Фалун Гонг со сите средства.

Краток филм за прогонот на Фалун Гонг во Кина, добитник на бројни награди

Оттогаш, милиони практиканти на Фалун Гонг биле подложени на незаконско затворање, “перење на мозоk” и мачење во притвор, со илјадници потврдени смртни случаи. Неколку експерти проценуваат дека повеќе од еден милион практиканти на Фалун Гонг биле убиени за да нивните витални органи бидат продадени за висок профит, како дел од брзорастечкиот бизнис на трговија со органи во Кина. Десетици милиони луѓе кои денеска практикуваат Фалун Гонг во Кина секој ден живеат со ризик да бидат приведени од кинеските власти за да бидат затворени, мачени - или нешто полошо.

Зошто дојде до прогонот?

Во тек на 90-тите години, Фалун Гонг доби поддршка од бројни кинески владини агенции како пракса за медитација која го подобрува здравјето и моралниот карактер.

Меѓутоа, на 22. јули 1999. година, започна масовна кампања на супресија. Што не беше во ред?

Едно очигледно објаснување за оваа навидум ирационална кампања против Фалун Гонг е природата на кинеската атеистичка и диктаторска Комунистичка патија на Кина (КПК), која се плаши од сите групи надвор од нејзината контрола - а особено од оние што имаат различна идеологија. Од средината на деведесетите години, некои од Партијата почуствуваа како моќта им е загрозена од популарноста на Фалун Гонг. Сеопфаетниот прогон започна после повеќегодишно малтретирање од страна на властите (временска рамка на прогонот).

Партијата неколку пати се обиде да ги искорени сите форми на религија во Кина (земја која традиционално се навикува "земјата на боженственото"). До ден-денес, римокатолиците, многу протестанти и тибетански будисти не можат слободно да ја практикуват својата вера во Кина и се под постојан ризик да бидат затворени и малтретирани.

До 1999. година, Фалун Гонг стана природна мета затоа што беше најголема и најбрзо растечка духовна група во Кина со 100 милиони практиканти низ целата земја, според извештаите на кинеската влада во тоа време.

Други имаат приметено дека одлуката да се спроведе кампањата на прогонот е пврзана со "стравот" и "љубомората" на поранешниот лидер на Партијата Џијанг Цемин, додека другите лидери на КПК во тоа време гледаа на групата како безопасна. Вашингтон Пост ги цитира изворите који велат дека "Џијанг Цемин сам одлучил дека Фалун Гонг мора да се елиминира" и дела "го избра она што мислеше дека е лесна цел".

Гласови на поддршка

Тортура

Впрочем најважната карактеристика на прогонот е употреба на екстремна тортура. Тортурата врз практикантите на Фалун Гонг е документирана во секоја од кинеските провинции, по затворите, работните кампови и центри за перење мозок во поголемите кинески градови, помали градови и села.

Познати техники на тортура вклучуваат шокови со електрични палки, горење со железо, врзување на телото во болни позиции со денови, присилно хранење со солени раствори преку пластична туба преку нос, корнење на нокти со стапчиња од бамбус, кои се само некои од методите; силување и сексуална тортура на Фалун Гонг практикантите во притвор се исто така честа појава.

До денеска се документирани преку 4.000 смртни случаеви и најмалку 63.000 случаеви на тортура. Актуелно се проценува дека витинската бројка на смртни случаеви изнесува десетици илјади, а уште повеќе мачени.

Затвор и перење на мозок

За стотици илјади луѓе во Кина, најосновната реалност на кампањата против Фалун Гонг се долгите периоди на затворање во логорите за "реформа преку работа" и затворите - кинескиот гулаг систем - по фарсични или непостоечки судења. Таму се принудени да работат до 20 саати на ден, произведувајќи - без плата - играчки, светилки за божикни елки, стапчиња за јадење и фудбалски топки за извоз. Тие што одбиваат се мачени (повеке за илегално затворање и ропство).

Без разлика дали во работните логори, затвори или во специјалните центри за реудукција, сите притворени практиканти на Фалун Гонг се принудени да поминат низ она што може да се опише само како перење на мозокот. Целта на Комунистичката партија е да ги принуди овие луѓе да се откажат од своите духовни верувања и да почнат да го сметаат Фалун Гонг за нешто опасно, како и да ги изложат другите што се активни во откривањето на прогонот.

Клучните состојки на процесот на перење мозок, или она што партијата го нарекува "трансформација", е лишување од сон, гледање на видео снимки што го клеветат Фалун Гонг со саати, закани и "борбени сесии" во стилот на културната револуција. На некои особено "тврдоглави" поединци кои одбиваат да се трансформираат им инјектираат психотропни лекови во институциите како третман за ментално растројство на некоректни политички размислувања (повеќе за психолошко прогонување).

Трговија со органи

До денешен ден, милиони практиканти на Фалун Гонг се брутално прогонувани во Кина.

Сепак, крајното решение на партијата за огромен број на затворените Фалун Гонг практиканти е многу пострашно. Според сегашни и поранешни врабоени во кинеските болници, Фалун Гонг се користи за обратно усогласување на органи - илјадници се убиени така што нивните органи се користени за трансплантација по потреба.

Црни дробови, бубрези, срца и корнеи се земани од живи, анестезирани Фалун Гонг практиканти со соодветни крвни групи и се продавани на партиски функционери и други очајни, но богати поединци од Кина и од странство. Телефонските разговори на прикриени истражувачи со кинеските болници во кои докторите се фалат со оваа пракса се снимени на лента (повеќе за трговијата со органи).

Цензура и пропаганда се гориво на насилство

Но, како и во секој геноцид во дваесетиот век, екстремното насилство прво бараше дехуманизација на "другите" преку пропаганда. Всушност една клучна мерка во партиското потиснување беше ограничување и искривување информации за Фалун Гонг - и во Кина и на други места.

Од првиот ден на прогонот, режимот ги забрани сите книги и информативни медиуми кои позитивно го опишуват Фалун Гонг. Сите веб-страници поврзани со практиканта беа веднаш блокирани. Милиони книги на Фалун Гон биле насилно запленети и јавно запалени. Режимот се плашел дека луѓето би можеле да дознаат, ако веќе не знаеле, дека Фалун Гонг е здрав нормален и позитивен начин на живот прифатен од милиони (повеќе за цензурата).

Овие напори за цензура, се разбира, се проширија и на интернет, благодарение на не мал број на западните компании кои ентузијастички ја продадоа технологијата за надзор на интернетот на безбедносните апарати на партијата. Како резултат на тоа, кинескиот народ сега е во затвор поради објавување на докази за мачење на интернет или едноставно поради симнување статии за Фалун Гонг (повеќе за прогонот и интернетот).

Заедно со цензурата, партијата се обиде да го скандализира Фалун Гонг преку агресивна пропагандна медиумска кампања. Режимот беше решен да го прикаже Фалун Гонг како опасен, девијантен и абнормален.

Поранешниот претседател на партијата Џианг Земин го предводеше патот припишувајки и ја на Фалун Гонг етикетата "култ" три месеци по неговата забрана, како средство за понатамошно оформување на јавното мислење, Под водство на ККП, разни министерства и државни медиуми потоа започнаа бројни изданиа, радио и ТВ емисии, па дури и драми, стрипови и изложби со цел да го демонизираат Фалун Гонг (повеќе за оваа пропагандна кампања).

Владините претставници ширум светот, во меѓувреме, известуваат дека добиле клеветнички материал од партиските емисари

Владините претставници ширум светот, во меѓувреме, исвестуваат дека добиле клеветнички материал од партиските емисари. Овие најчесто се придружени со намера да вршат притисок врз избраните функционери да молчат за мачењата извршени против Фалун Гонг, да ги укинат прокламациите за признавање на придонесот на Фалун Гонг во заедницата и да ги блокираат локалните Фалун Гонг активности како што се парадите и конференциите.

Бизнисмените, новинарите и научниците исто така биле предмет на слични тактики на притисок и закани (повеќе за притисокот надвор од Кина), што доведува до некогаш морничав молк во западните медиуми и академската заедница (vidi „Надвор од медиумското внимание“)

Социјално и економско влијание

Навистина, оние кои го избраа последното се соочуваат најмногу со облици на угнетување кои не се на насловните страници - отпуштање од работа, протерувања од универзитети, одземање на здрвствна заштита и пензии, разводи, бездомништво и низа други форми на дискриминација (повеќе за прогон во семејството, прогон на работа и во училиште, и беда и безнадежност).

Отпор

Кога започна прогонот во 1999. година, десетици милиони Кинези кои ја практикуваа оваа медитацијска дисциплина се соочија со избор. Една опција беше да и се предадат на Комунистичката партија и да ја напуштат праксата што им донесе подобро здравје, духовна насока и нова надеж. Втората опција беше да продолжат со праксата тивко дома. Но, како што бргу се покажа, ова било невозможно, дури и ако му свртат грб на прогонот на фамилијата и пријателите. Крајна опција била свесно да му се спротистават на прогонот и покрај тоа што знаат дека последиците од тоа би можеле да бидат болни. Која опција и да изберат, следбениците на Фалун Гонг покажаа извонредна упорност, со десетици милиони што уште практикуваат во Кина денеска, и дури и многу нови луѓе се приклучуваат на нивните редови.

Практикантите на Фалун Гонг што избраа поактивно да се спротистават беа доследни тоа да го чинат исклучително по ненасилен пат, фокусирајки се на користење на сите можни мирни методи за нивните гласови да бидат слушнати. Практикантите прво се обидоа да се разберат со лидерите на Комунистичката партија преку писма и петиции. Кога тие не беа слушнати, Фалун Гонг се сврте кон плоштадот Тиананмен, каде што - со мирна медитација или покажување транспаренти пред да бидат уапсени - се обиделе да ја разбудат свеста на кинескиот народ, како и на светските лидери. Како прогонот продолжил, Фалун Гонг започнал да се бори против државната пропаганда преку дистрибуција на информации кои го изложуваат прогонот преку летоци, Видео-ЦД-ови, електронски пораки и телефонски повици.

Колективно, ова движење на отпор - кое се состои од храбри поединечни дела и покрај големите индивидуални ризици - претставува она што денес е најголемото ненасилно движење во светот (види: „Праведен отпор“)

Надвор од Кина, Фалун Гонг практикантите и луѓето што ги подржуваат се вклучија во низа активности со цел да го обелоденат прогонот што се случува во Кина. Бидејки Фалун Гонг во Кина нема никакви легални права, група на водечки адвокати за човекови права водат една од наголемите интернационални правни кампањи во историја со цел да ги доведат лидерите на КПК пред лицето на правдата за тоа што овие адвокати го нарекуваат геноцид над Фалун Гонг. (повеке за тужбите низ светот и кршењето на меѓународното право).

На оваа веб страница ќе пронајдете информации за различните аспекти на оваа, близу две декади долга, кампања за прогонот, вклучувајки ја неговата историја, хорор приказните, трагедиите, интернационалните импликации, случаеви на храбриот отпор на прогонот, како и докази, независни истраги и основни информации за праксата на Фалун Гонг и Комунистичката партија на Кина што уште го прогонува.

Ние многу го цениме вашиот коментар за тоа кои понатамошни информации ги сметате како корисни.

Сподели ја статијата:

Бидете информирани. Пријавете се за нашитe вести и билтени.