ЊУЈОРК - На 4 мај, судија од Окружниот суд Тушински во Москва нареди практикантката на Фалун Гонг во Русија, 46-годишната Наталија Миненкова, да биде задржана во притвор на еден месец и 25 дена. Нејзиниот случај е во тек на истрага, а потоа се соочува со судење и потенцијална затворска казна, само поради вежбање и организирање активности поврзани со Фалун Гонг.
„Со наредбата за притвор на г-ѓа Миненкова, Русија се придружува на комунистичка Кина како единствена друга земја каде што судијата затворил граѓанин едноставно затоа што медитирал и сакал да живее според учењата на Фалун Гонг за вистина, сочувство и трпение“, вели извршниот директор на Фалун Дафа информативниот центар Леви Брауд. „ Овој срамен чин дополнително ги еродира слободите во Русија и ги покажува растечките и вознемирувачки врски на Русија со комунистичкиот режим во Кина.“
Г-ѓа Миненкова, жена која организира групи за медитација на Фалун Гонг во Москва, беше меѓу тројцата практиканти на Фалун Гонг приведени за време на претресите во домовите во раните утрински часови на 3 мај; роднината на друг практикант исто така беше приведен, но брзо ослободен. Г-ѓа Миненкова е обвинета според член 284.1, „спроведување активности на странска или меѓународна невладина организација“, одредба што во минатото се користеше за сузбивање на новинарите и групите на граѓанското општество во Русија. Обвиненијата со кои се соочува, според судските документи, може да носат дури девет години затвор.
Руските медиуми ја прикажаа како „водач на секта“ и ја повторија лажната пропаганда на кинеската комунистичка партија за оваа пракса. Двајца други практиканти, Светлана Киселева и Еремин Мајкл, наводно биле приведени како сведоци и се ослободени.
„Се што го правеше г-ѓа Миненкова е носење музика во парк и насочување на другите да прават вежби за медитација, додека во нејзиниот дом одржуваше читања на духовни текстови, а сето тоа го правеше како волонтер бидејќи сакаше да ги сподели придобивките што ги доби од вежбањето Фалун Гонг со другите“, вели Брауд. „Фалун Гонг не е ниту „секта“, ниту г-ѓа Миненкова е „водач“, што го илустрира целосно лажното прикажување на овој случај од страна на рускиот печат контролиран од владата“
За дополнителни детали за полициската рација во домот на г-ѓа Миненкова и претходното малтретирање на практикантите на Фалун Гонг од страна на руските власти, видете: ИТЕН АПЕЛ: Практикантите на Фалун Гонг приведени во Русија.
Информативниот центар на Фалун Дафа ќе продолжи да ја следи оваа приказна додека се развива. За прашања контактирајте не на: info@faluninfo.mk.
Превод од англиски: https://faluninfo.net/update-judge-in-russia-sentences-woman-to-nearly-two-months-for-practicing-falun-gong