Вести за Фалун Дафа и за кризата на човековите права во Кина

19.07.2025 |

10 работи што треба да ги знаете за Фалун Гонг на 26-годишнината од прогонот во Кина

Додека практикантите и поддржувачите на Фалун Гонг се собираат оваа недела во Вашингтон Д.Ц. и низ светот за да одбележат 26 години откако Кинеската комунистичка партија (ККП) го започна насилниот прогон против групата на 20 јули 1999 година, Информативниот центар на Фалун Дафа објави листа од 10 клучни факти поврзани со Фалун Гонг што секој загрижен граѓанин, политичар или новинар треба да ги знае.

„За некои луѓе, прогонот на Фалун Гонг од страна на ККП може да изгледа како стара приказна. Но, за практикантите во Кина и ширум светот, злосторствата на режимот се жива и трагична реалност што се одвива секој ден“, вели Леви Брауд, извршен директор на Информативниот центар на Фалун Дафа. „Кобната одлука на ККП да го елиминира Фалун Гонг во летото 1999 година имаше разорни последици за десетици милиони обични кинески семејства. Покрај тоа, во последните години, Пекинг манипулира со странски институции — вклучително и некои американски медиумски куќи и правниот систем — за да го извезе своето угнетување на Фалун Гонг на Запад.“

„Прашањето за Фалун Гонг веќе не е само за запирање на ужасните кршења на човековите права во Кина. Тоа е исто така тест случај за тоа како западните демократии можат да го зачуваат својот суверенитет и национална безбедност пред немилосрдната и сè пософистицирана транснационална репресија на ККП“, вели Броуд. „Сега, повеќе од кога било, треба да го разбереме прашањето за Фалун Гонг. Затоа, составивме листа од 10 работи што секој треба да ги знае.“

  1. Фалун Гонг е медитативна и духовна пракса заснована на принципите на Вистина, Добродушност и Трпение. Фалун Гонг нема свештенство ниту формално членство и секогаш се нуди бесплатно. Десетици милиони луѓе го практикуваат во над 100 земји ширум светот. Прочитајте повеќе.

  2. Фалун Гонг беше широко популарен во Кина во текот на 1990-тите, при што државните медиуми и владините функционери ја фалеа оваа пракса. Меѓутоа, откако владино истражување покажа дека многу повеќе луѓе практикуваат Фалун Гонг отколку што има членови во комунистичката партија, ККП ја забрани практиката во јули 1999 година и започна брутална кампања за нејзино уништување. Прочитајте повеќе.

  3. ККП не успеа да го уништи Фалун Гонг во Кина. Фалун Гонг опстојува и останува приоритетна цел за ККП и нејзините безбедносни сили во Кина и во странство, што е очигледно од говорите на кинеските функционери и веб-страниците на локалните власти. Покрај тоа, прогонот на верниците на Фалун Гонг во Кина и на глобално ниво ескалира од 2022 година. Прочитајте повеќе.

  4. Кинескиот режим редовно спроведува масовни апсења на практикантите во Кина и изрекува долги затворски казни без соодветен правен процес, вклучително и за оние што се притворени за прв пат. Прочитајте повеќе.

  5. Прогонот на практикантите на Фалун Гонг од страна на режимот е смртоносно. Оние што се во полициски притвор или затвор се постојано изложени на ризик да ги изгубат своите животи поради тортура, одбивање на медицинска нега и присилно вадење на органи. Прочитајте повеќе.

  6. Тактиките за надзор — и нискотехнолошки и високотехнолошки — се клучни за тоа како кинеските безбедносни сили успеваат да ги откријат, следат, притворат и затворат практикантите на Фалун Гонг. Прочитајте повеќе.

  7. И покрај бруталноста на прогонот, обичните граѓани во Кина упорно продолжуваат не само со својата вера во Фалун Гонг, туку и со активизам на локално ниво за да се спротивстават на лажната пропаганда на ККП, да ги спасат затворените практиканти и да трасираат иднина за Кина заснована на добрина и ненасилство. Прочитајте повеќе.

  8. Прогонот на Фалун Гонг од страна на ККП не е ограничен само на Кина. Транснационалната репресија и клеветничките кампањи на режимот се протегаат низ целиот свет. Од 2022 година, под водство на Си Џинпинг, режимот спроведува поагресивна и пософистицирана кампања за заплашување, заканување и замолчување на Фалун Гонг и субјекти како Shen Yun Performing Arts, особено во Соединетите Американски Држави. Добро документирани инциденти вклучуваат обид за поткуп на американски функционери за да се свртат против Shen Yun, манипулација со американскиот правен систем, над 100 анонимни закани за бомби и кампањи за манипулација на социјалните медиуми. Прочитајте повеќе.

  9. Основачот на Фалун Гонг и оние што го практикуваат добиле гласна поддршка од избрани функционери, познати личности, кинески дисиденти и обични граѓани ширум светот. Според едно пребројување, Фалун Гонг добил поддршка во над 13.000 прокламации, писма за поддршка и резолуции издадени од владини функционери на глобално ниво во текот на изминатите 26 години на прогонот. Прочитајте повеќе.

  10. Фалун Гонг останува суштинско прашање за разбирање на модерна Кина, како и на влијанието на ККП во странство. Како што беше случај во 1999 година, кога ККП ја започна својата кампања за уништување на Фалун Гонг, оние што сакаат вистински да ја разберат денешна Кина, мора да ја разберат и живата реалност на Фалун Гонг и неговите милиони верници во Кина и ширум светот. А за да се разбере способноста на ККП да го наметне својот дневен ред на странски земји, доволно е да се погледне повеќеслојната и сè пософистицирана стратегија за саботирање и замолчување на Фалун Гонг во странство. Прочитајте повеќе

Сподели ја статијата: