ЊУЈОРК - Српската полиција приведе шест практиканти на Фалун Гонг и двајца роднини пред посетата на Кси Џинпинг на Белград во вторник, 7 мај. Практикантите потоа беа ослободени вечерта на 8 мај, откако Кси ја напушти Србија со авион за Будимпешта.
„Срамно е да се види земја која некогаш се гордееше со сопствената историја и која се оддалечуваше од комунистичките системи сега да ја прифати КП на Кина со погрешно притворање на практиканти на Фалун Гонг“, рече портпаролот на Информативниот центар на Фалун Дафа, Ерпинг Џанг. „Јасно е дека ова беше поттикнато од КП на Кина, која ја извезува својата домашна репресија во странство“.
Сара Марковиќ, ќерка на еден од приведените, Дејан Марковиќ, за Радио Слободна Европа изјави: „Ги одведоа во полициска станица без јасно објаснување зошто. Им беше кажано дека ќе одат на интервју“. Практикантите и членовите на нивните семејства беа задржани на повеќе локации 24 часа. По заминувањето на Кси, сите шестмина беа ослободени.
„Тие знаат дека сме мирољубиви“, рече г-дин Марковиќ за The Epoch Times. Главниот полициски службеник им рече: „Знам дека вие сте добри луѓе. Нема да те испрашувам. Нема потреба да те испрашувам. Но, окружниот обвинител побара од нас 48 часа притвор“.
Во 2014. година, единаесет практиканти на Фалун Гонг беа приведени пред протестите за време на посетата на Ли Кечијанг на Самитот Централна и Источна Европа-Кина.
Покрај неодамнешното притворање на практикантите на Фалун Гонг во Русија, овој инцидент илустрира вознемирувачки тренд на некои земји да подлегнат на притисокот на КП на Кина за да ги потиснат гласовите на практикантите на Фалун Гонг.
Во 2015 година, Менг Џианжу, поранешен член на Централниот комитет на КП на Кина и шеф на Комитетот за политички и правни прашања, се пофали со успехот на мерките за спречување протести и жалби на Фалун Гонг за време на патувањата на Кси Џинпинг, означувајки ги таквите притворања како „пробив во борбате во странство.“
За прашања, ве молиме контактирајте не на: info@faluninfo.mk
Превод од англиски: Serbian Falun Gong Practitioners Detained Ahead of Xi Jinping’s Visit