Вести за Фалун Дафа и за кризата на човековите права во Кина

Живот после мачеништво

Семејство во потрага по нормален живот во Њујорк по повеќе од десет години неверојатен прогон во Кина

(Одлево на десно) Ванг Хуиџуан, Ли Фујао и Ли Шенџун во нивниот нов дом во Квинс, Њујорк во 2017 година. Семејството побегнало од Кина во 2014 година за да добие азил после долгогодишна раздвоеност и тортура заради практикување на Фалун Гонг.
(Одлево на десно) Ванг Хуиџуан, Ли Фујао и Ли Шенџун во нивниот нов дом во Квинс, Њујорк во 2017 година. Семејството побегнало од Кина во 2014 година за да добие азил после долгогодишна раздвоеност и тортура заради практикување на Фалун Гонг.

И порано била испрашувана, но овој пат било полошо. Ванг Хуиџуан, наставничка во основно училиште, била завидна награда и чуварите на челезничката станица требало да бидат богато наградени за нејзиното приведување во полициската станица. Возбудено ја известил државната безбедносна полиција: „Пронајдовме уште една што практикува Фалун Гонг!“ - се присетува Ванг. Во момент се појавиле неколку полицајци кои потоа брзо ја испразниле чекалната пред да ја префрлат Ванг во локалниот притворен центар.

Вработените ја пребарале нејзината торба и пронашле летоци и ДВД-а кои го разоткриваат прогонот на кинескиот режим врз Фалун Гонг (исто така познат и како Фалун Дафа) и државната пропагандна кампања која ја клевети оваа духовна пракса. Полицијата барала да знае од кого ги добила и каде се произведуваат.

Во притворниот центар толку се борела што полицајците не успеале да ја совладаат. Најпосле ја удриле нејзината глава од ѕид и почнале да ја тепаат по главата и лицето со метално равнало од блиската канцеларија.

„Имаше многу крв. Мојот нос и уста крвареа и ми ги скршија тапанчињата“, рече Ванг, која сега живее во Њујорк (и носи помагала за слух).

„Тогаш мислев само на едно нешто: Дури и да умрам, нема да ги издадам имињата на останатите“, се сеќава таа. „И нема да се одречам од својата вера.“

Но цената беше висока.

Следните седум години ги поминала во затвор, одвоена од својот сопруг и ќерка. Ванг издржала перење мозок, испрашување, врзување, претепување, присилно хранење, недостаток на сон и психолошка тортура.

Сето тоа го поврзале со „трансформација“ – што значело дека „потпишуваш изјава велејќи дека повеќе нема да практикуваш Фалун Гонг“, вели Ванг. „Ако не се трансформираш, не би ти дозволиле да го видиш семејството или би бил отпуштен или твоите колеги би западнале во неволја или полициските службеници би биле казнети. Имале квоти.“

Но, потпишувањето изјави не значело крај на психолошката тортура: би била користена да помогне во трансформирањето на другите практиканти.

Ли Шенџун, Ли Фујао, и Ванг Хуиџуан медитираат во својот дом во Квинс 8, јануар. Секој од нив сè уште има моменти кога не можат да поверуваат дека се навистина слободни и повторно заедно. (Самира Буау / Епох Тајмс)
Ли Шенџун, Ли Фујао, и Ванг Хуиџуан медитираат во својот дом во Квинс 8, јануар. Секој од нив сè уште има моменти кога не можат да поверуваат дека се навистина слободни и повторно заедно. (Самира Буау / Епох Тајмс)

Иницирање прогон

Ванг и нејзиниот сопруг Ли биле во, и надвор од логорите за принудна работа, центрите за перење мозок и константен притвор во период од над 10 години, едноставно затоа што одбиле да се откажат од својата вера во Фалун Гонг.

Кога парот започнал да вежба во 1998 година, кинескиот режим го подржувал Фалун Гонг, пракса заснована врз принципите, Вистинитост, Добродушност и Толеранција. Властите процениле дека повеќе од 70 милиони граѓани практицирале Фалун Гонг, а државниот одел за спорт известувал за нашироко распространето подобрување на здравјето и моралноста. Парковите биле преплавени со луѓе кои вежбале и медитирале секое утро.

Но, комунизмот застапува атеизам, а големиот број Фалун Гонг практиканти го плашел тогашниот шеф на Комунистичката партија Јианг Земин.

На 20. јули 1999 година, Јианг отпочнал кампања за прогон на ниво на целата нација со цел да „во потполност го уништи угледот на Фалун Гонг, финансиски да ги дотепа практикантите, и да го искорени Фалун Гонг во рок од три месеци“, според информациите на инфо центарот Фалун Дафа, американска невладина организација која известува за прогонот.

Јианг оформил таен полициски одел наречен Канцеларија 610 со посебен мандат да го спроведе неговиот план. И секоја фабрика, училиште и државно работно место веќе имале инфилтриран службеник чија работа била да се осигура, целата популација да се покорува на партиската линија.

Амнести Интернатионал објавил дека прогонот бил политички мотивиран. „И огромно мнозинство од неговите жртви се обични луѓе, кои само сакаа, мирно да го остварат своето основно право на слобода на вероисповед, собирање и изразување“, се вели во соопштението од март 2000 година

Украдено детство

Ванг Хуиџуан, Ли Фујао и Ли Шенџун во градот Тијанџин, Кина, 1995 година, три години пред да започнат со практикување на Фалун Гонг.
Ванг Хуиџуан, Ли Фујао и Ли Шенџун во градот Тијанџин, Кина, 1995 година, три години пред да започнат со практикување на Фалун Гонг.

Фујао имаше само 6 години кога нејзините родители исчезнале во кинескиот работен логор за прв пат.

„Бев збунета, не разбирав што се случува“, рекла Фујао, која сега на 24-годишна возраст живее во Њујорк. „Но, знаев дека моите родители се во право, затоа што се залагаа за она во што веруваа.“

Одлучноста на девојчето била тестирана на секое ниво. Нејзините соученици ја избегнувале и плукале по нејзините книги во основното училиште, додека наставниците тоа само го набљудувале. Родителите ретко биле во близина, па бабата била единствената постојано присутна во нејзиниот живот, која пак била многу оптоварена со грижата за синот и снаата.

Меѓутоа, ниту гневот ниту лутината не можеле да се воочат во нејзиното однесување. Рекла дека цело време знаела дека нејзините родители не сториле никаков злочин.

„Имам длабоко почитување за она што го сторија и што го издржаа“, вели Фујао.

Ванг вели дека срцето сè уште ја боли кога ќе се сети на својата раздвоеност од ќерката. „Откако ме одведоа, најмногу се грижев за својата ќерка – толку е мала, како ќе се справи со сето ова?

Ванг се сеќава дека ја прашала својата ќерка, за време на една од нејзините посети: „Дали повеќе сакаш да ја напуштам својата вера и да се вратам дома или да ја задржам својата вера и да не одам против сопствената совест? Ако ја кажам вистината, ќе ме задржат овде“.

Ванг рече: „Плачев додека таа ми ги бришеше солзите велејќи: Мамо, мораш исправно да постапиш. Не смееш да кажеш дека Фалун Дафа е лош.“

Принуден на избор

Кога прв пат отпатувал од својот роден град Тијанџин да протестира против прогонот, таткото на Фујао, Ли, имал голем сомнеж. Во октомври 1999 година, плоштадот Тјенанмен беше познат како главно место за протести на практикантите на Фалун Гонг, поради својата близина до седиштето на владата, како и поради спомените што сè уште ги носеше на студентскиот масакр од 1989 година.

„Тоа утро ја гушкав својата ќерка, плачејќи и мислејќи дека ја гледам за последен пат“, вели Ли, кој беше успешен телевизиски водител.

Тој знаел за можните последици од својот мирен протест – од јули 1999 година, десетици илјади Фалун Гонг практиканти се уапсени и префрлени во логори за принудна работа и во центри за перење мозок. Слушнал застрашувачки приказни за мачењата и убиствата.

Но, исто така бил сведок на многу чуда и благотворно влијание на праксата врз своето здравје. Имал хроничен хепатитис Б, и во јули 1998 година речено му е дека истиот е неизечив. Почнал да прави Фалун Гонг вежби и да ги учи учењата за да после неколку недели неговото тело стане силно и здраво. Тоа било пред скоро 18 години.

Ова ја олесни неговата одлука да се упати кон плоштадот Тјенанмен. „Фалун Дафа ми даде втора шанса, и треба слободно да се вежба во Кина“, рекол Ли. „Ако јас не се заложам за него, кој ќе се заложи? Сепак, отидов на плоштадот Тјенанмен мислејќи дека веројатно ќе бидам убиен“.

Само што влегол на плоштадот, бил уапсен и неколку дена подоцна бил осуден на три години во логор за принудна работа. Немало ни судија ни порота туку само полициски службеник кој ја прочитал пресудата од парче хартија. Ли не сторил никаков злочин, никакви обвиненија не се изнесени и немало можност за жалба. Незаконски е осуден на долгогодишна казна само затоа што практикува Фалун Гонг.

„Бев добар граѓанин. Ова немаше никаква смисла“, рече тој.

Ли Шенџун ја споделува својата приказна за прогонот во Кина во Менхетен Њујорк на 2 јануари 2017. (Самира Буау / Епох Тајмс)
Ли Шенџун ја споделува својата приказна за прогонот во Кина во Менхетен Њујорк на 2 јануари 2017. (Самира Буау / Епох Тајмс)

Му ја избричиле главата и му дале да носи облека со морнарска плава боја, и му доделиле горен кревет во мала соба со шест кревети. Немало душеци: затворениците спиеле на дрвени летвици, додека ќебе би имале само ако би им го испратила нивната фамилија.

„Повеќето луѓе добиваа сврбеш или лузни бидејќи беше темно и влажно“, вели Ли. „Ако случајно ноќе со раката поминеш преку летвиците лесно можеш да убиеш безброј стеници.“

Секое утро морале да го тргнат своето ќебе за да можат совршено да го наместат својот кревет со некоја снежно бела постелина и зелени ќебиња кои ги добивале од стражарите. Било забрането да седат или лежат на нив –тоа постоело само за покажување во случај на посета на владини службеници.

Храната била ужасна.

„Зеленчукот бил расипан. Едноставно неизмиен го фрлале во лонецот и така го вареле“, рекол тој. „Оризовата каша била измешана со вода од спанаќ и речиси и да немало ориз во неа. До денешниот ден, Ли не може да поднесе да јаде модар патлиџан или морков.

Дневно би добил пет парени пецива кои често во себе содржеле измет од стаорци. „Утринските и вечерните пецива биле сите загорени и црни. Оние кои би ги добиле за време на ручекот би биле нешто побледи“, се сеќава тој.

Ли поминувал 16 сати дневно, седум дена во неделата, повеќе од две години, континуирано шиејќи топки предвидени за Светското фудбалско првенство 2002 година, правејќи го тоа во мизерни услови на заробеништво, неплатен, гладен и измачуван.

Морал да направи четири топки дневно, што и да се случи. За топките биле потребни околу 1800 спојки и имале 32 панели направени од 20 шестоаголни и 12 пентагонални закрпи. Неговите прсти често биле инфицирани, крвареле и гноеле од отровот на вештачката кожа, особено кога сам себе случајно би се боцнал со иглата.

„Работевме од 6 ч. наутро, најмалку до 22.00 ч. Навечер“, вели Ли. „Ме сметаа за некој кој работи релативно брзо: оние кои не ја исполнуваа зададената квота беа претепувани.

Ли Шенџун при неговото прво апсење бил притворен и подложен на техника на тортура наречена „авион“ за време на испитувањето. Откако во таа положба поминал повеќе од половина час, полицаецот го фрлил на подот и продолжил да го тепа.

Првиот пат кога е уапсен и затворен, Ли Шенџун за време на испрашувањето бил подложен на техниката за мачење наречена „авион“. Откако бил во таа положба повеќе од половина час, полицаецот го удрил и го соборил Ли на подот и продолжил да го тепа. (minghui.org)
Првиот пат кога е уапсен и затворен, Ли Шенџун за време на испрашувањето бил подложен на техниката за мачење наречена „авион“. Откако бил во таа положба повеќе од половина час, полицаецот го удрил и го соборил Ли на подот и продолжил да го тепа. (minghui.org)

Претепувањата често го правеле другите затвореници (обично оние најзлобните, вели Ли), затоа што се обидувале да ја придобијат наклонетоста на стражарите. Во случајот на Ли, тоа бил затвореник кој со години држел заробена личност во својот дом.

Ли и останатите Фалун Гонг практиканти секоја вечер после работа, биле принудени по два часа да седат подгрбавени на мали столици, гледајќи во подот. Биле претепувани само ако би погледнале еден кон друг.

Му било кажано дека ќе биде изземен од овие сесии на „учење“ ако напише изјава во која тврди дека ќе престане да практицира Фалун Гонг. Неколку месеци по затворањето, истоштен, чувствувајќи се безнадежно, тој се согласил.

„Но ужасно се чувствував“ рече Ли. „Пред да ја напишам, имаше физичка тортура: а откако ја напишав, имаше морална, психолошка тортура“.

Набргу потоа, ја повлекол својата изјава и побарал од полицаецот да му ја врати хартијата. Полицијата одбила и добил дополнителна казна. Но, психолошкиот товар бил отстранет.

Фујао го гледала својот татко само двапати годишно. Одвоени со стакло и разговарајќи по телефон, го охрабрувала да продолжи.

„Фујао често ми пишуваше писма велејќи: „Мораш да се држиш до своите принципи“, вели Ли.

Ли е пуштен по истекот на казната, но, 18 месеци подоцна бил повторно уапсен и осуден на четири години.

Влијание врз нацијата

Тешко е да се процени бројот на семејствата кои директно се погодени од прогонот во Кина, вели Леви Броуд, потпарол на Инфо центарот Фалун Дафа.

Кога 1999 започнал прогонот, се подразбирало дека секоја 13та личност во Кина станала „државен непријател“, со оглед на тоа, дека Фалун Гонг го практикувале 70 до 100 милиони луѓе, наведува Броуд во својата изјава преку е-пошта.

„Ако ја наклеветите секоја тринаесетта личност и ги свртите нивните семејства против нив, каков ефект ќе има тоа? Катастрофален“, вели тој.

Вообичаената техника на кинескиот режим е да ги натера членовите на семејството да се свртат едни против други, вели Броуд. Ова ја обезбедува крајната цел за тотална контрола врз народот преку страв и усовршена е за време на Културната револуција во 60-тите и 70-тите години.

„На некој начин, прогонот на Фалун Гонг е само последен обид на Комунистичката партија на Кина (КПК) да управува со срцата и умовите на луѓето“, наведува Броуд.

Понудил објаснување зошто родителите одлучуваат да продолжат да практикуваат Фалун Гонг, иако со едноставно престанување на практикувањето би можеле да ги одржат своите семејства заедно.

„Фалун Гонг темелно одредува што се тие во духовна смисла. Тоа е како да барате од нив да го убијат својот дух. Исто така, „одрекувањето“не значи дека тие ќе бидат целосно оставени на мира. КПК често од нив би барала да помогнат во „преобразбата“ на другите практиканти… сето ова го надминува
самото одрекување од она што тие се.“

По затворот

Ли Шенџун, Ли Фујао и Ванг Хуиџуан на планината Таи во провинцијата Шандонг во Кина на 17 декември 2011 година.
Ли Шенџун, Ли Фујао и Ванг Хуиџуан на планината Таи во провинцијата Шандонг во Кина на 17 декември 2011 година.

Семејството конечно се обединило 2009 година откако Ванг е ослободена: Ли е на слобода од ноември 2006 година, кога Фујао имала 14 години.

Ванг не можела да се врати на својата работа како наставник, додека Ли бил присилен да ја напушти својата претходна работа како ТВ-водител уште додека по прв пат бил уапсен.

Отвориле продавница односно бизнис кој им помага на паровите да планираат венчавки и тоа станало место каде можеле на луѓето да им го раскажат сето она што го доживеале за време на прогонот и на тој начин да одговорат на државната анти-Фалун Гонг пропаганда. Нешто за што во Кина преку медиумите сите и тоа како станале свесни.

„Единствената причина зошто не бевме вратени во затвор беше таа што шефот на канцеларијата за државна безбедност беше семеен пријател кој знаеше дека мојот сопруг и јас сме добри луѓе“, вели Ванг. „Тој не штитеше, но неговите претпоставени вршеа константен притисок врз него барајќи да не прогонува“.

Ванг вели дека одлуката да се напушти Кина била делумно затоа што биле загрижени за безбедноста на нивниот пријател, но и за сопствената безбедност.

„Секогаш во моето срце постои страв дека моето семејство повторно би можело да биде разделено. Секогаш се грижевме дека полицијата би можела повторно да ни тропне на нашата врата: се грижевме дека другите членови на семејството можат да бидат уапсени: загрижени за безбедноста на нашата ќерка“, вели Ванг.

Да се достигне слобода

Ванг Хуиџуан му оддава почит на основачот на Фалун Гонг во својата куќа во Квинс, Њујорк, на 8 јануари 2016 година. Со својот сопруг и ќерка, побегнала од Кина во 2014 година и добила азил по повеќе години мачење заради вежбање на Фалун Гонг. (Самира Буау / Епох Тајмс)
Ванг Хуиџуан му оддава почит на основачот на Фалун Гонг во својата куќа во Квинс, Њујорк, на 8 јануари 2016 година. Со својот сопруг и ќерка, побегнала од Кина во 2014 година и добила азил по повеќе години мачење заради вежбање на Фалун Гонг. (Самира Буау / Епох Тајмс)

Во 2014 година им се укажала можност да ја напуштат Кина и да побараат азил во САД.

Најтешкиот момент се случил при поднесување на барање за пасош. Во еден од последните чекори, требале да дадат отисок од прстите кој потоа е внесен во компјутерот.

„Службениците се заледиле погледнувајќи се меѓусебно“, вели Ли. „Тогаш едниот од нив завртил еден телефонски број и кој и да бил на другата страна јавил да ни се одобрат пасошите“.

Во САД пристигнале на 15. јули 2014 година.

„Стапнувајќи на американското тло, сите наши стравови, грижи и немири исчезнаа. Конечно бевме спокојни“, вели Ванг.

Ли Фујао ја демонстрира својата медитативна пракса во својата куќа во Квинс, Њујорк, на 8. јануари 2016 година. Таа и нејзините родители побегнаа од Кина во 2014 година и добија азил по повеќе години мачење заради вежбање на Фалун Гонг. (Самира Буау / Епох Тајмс)
Ли Фујао ја демонстрира својата медитативна пракса во својата куќа во Квинс, Њујорк, на 8. јануари 2016 година. Таа и нејзините родители побегнаа од Кина во 2014 година и добија азил по повеќе години мачење заради вежбање на Фалун Гонг. (Самира Буау / Епох Тајмс)

„Но, психолошката траума е тешко да се избрише. Додека вдишувам свеж воздух и уживам во слободата и правото на слобода на верување, ми доаѓа тешко кога ќе се сетам на моите сонародници во Кина. Јас многу сочувствувам со нив.“

Семејството слушнало за веста за 20 Фалун Гонг практиканти кои се уапсени во нивниот град Тијанџин на 7. декември 2016 година.

Ванг вели дека веднаш телефонски се јавила во локалниот центар за притвор за да побара нивно ослободување.

„Познавам некои од тие практиканти. Сакам да сторам што можам, како би им помогнала да бидат ослободени и да не поминуваат низ она што мене ми се случуваше.“

Во Њујорк таа поминува што е можно повеќе време на туристичките места за да сподели информации за прогонот со посетителите кои доаѓаат од Кина.

Ванг Хуиџуан, пред зградата на Емпери Стејт во Менхетен, Њујорк, на 12. јануари 2017 година, држи во рацете постер за да им помогне на кинеските туристи да ги разберат фактите за прогонот на Фалун Гонг во Кина.  (Самира Буау / Епох Тајмс)
Ванг Хуиџуан, пред зградата на Емпери Стејт во Менхетен, Њујорк, на 12. јануари 2017 година, држи во рацете постер за да им помогне на кинеските туристи да ги разберат фактите за прогонот на Фалун Гонг во Кина. (Самира Буау / Епох Тајмс)

Ли, сега 45 годишен, работи во НТД телевизија која ширум светот и во континентална Кина преку сателит емитува нецензуирани вести и програми за Кина. (Епох Тајмс е сестрински медиум на НТД). Таа позиција совршено му одговара.

Фујао тргна по стапките на нејзиниот татко учејќи ТВ известување и раскажување. Таа му се придружи во НТД и сега е ТВ-водителка.

„Секогаш кога работам на вестите за прогонот на Фалун Гонг во Кина, сликите се тешки за гледање затоа што тие ми враќаат многу болни сеќавања“, вели Фујао. „Но, токму затоа што се случуваат такви ужасни работи ние сме должни да ги разоткриеме.

Се омажи минатата година и тие четворица живеат во скромен стан во Квинс, Њујорк. Тоа е среќен дом, а семејството е близу. Ванг ја трга косата од очите на својата керќа: Ли и Ванг кратко се држат за раце: сè уште еден со друг се гледаат како да не можат да веруваат дека сето ова е реално.

Ли Шенџун, Ли Фујао и Ванг медитираат во својата куќа во Квинс, Њујорк. (Самира Буау / Епох Тајмс)
Ли Шенџун, Ли Фујао и Ванг медитираат во својата куќа во Квинс, Њујорк. (Самира Буау / Епох Тајмс)

Меѓутоа, болните спомени никогаш не се далеку.

Ванг се обидува да објасни: „Понекогаш кога сум сама и се присетувам на искуството во затворот, знам дека ако не практикував Фалун Дафа, не ќе можев да преживеам. Тоа не е само физичка болка, тоа е поинаков вид болка“.

„Ти не си лоша личност, сакаш да станеш уште подобра личност, но режимот ги користи најсуровите, најзлонамерните начини – какви добрите луѓе не можат ниту да замислат – за да им наштетат на Фалун Гонг практикантите и на нивната психа, со намера да се обидат да те уништат во самата срж: не физички, туку психички да те излудат за да ја изгубиш секоја надеж во животот“.

На секои три дена еден практикант умира во полициски притвор, наведува инфо центарот Фалун Дафа – и таа бројка се однесува само за потврдени случаи.

Ајрин Луо придонесе за овој извештај.
_
Се проценува дека комунизмот е одговорен за смртта на најмалку 100 милиони луѓе, сепак неговите злосторства сè уште не се целосно документирани додека неговата идеологија сè уште постои. Епох Тајмс се обидува да ја разоткрие историјата и верувањата на ова движење, за кое се смета дека е извор на тиранија и уништување уште од првиот ден.

Оргиналниот напис од Епох Тајмс можете да го прочитате овде:
http://www.theepochtimes.com/n3/2213514-life-after-torture

Сподели ја статијата:

Бидете информирани. Пријавете се за нашитe вести и билтени.