Вести за Фалун Дафа и за кризата на човековите права во Кина

Основачот на Фалун Гонг објави статија: „Зошто постои човештвото“

Забелешка на уредникот: Ова е ретка, јавна статија од основачот на Фалун Гонг, г-дин Ли Хонгџи, поднесена до Фалунинфо Центарот за објавување до неговата читателска публика. Статијата дава увид во духовниот, метафизички поглед на светот на духовната практика, како и актуелното размислување за нашиот проблематичен свет. Ли Хонгџи има освоено бројни награди за инспирација за ненасилниот одговор на практичарите на Фалун Гонг во Кина на често бруталната државна репресија, и четири пати е номиниран за Нобеловата награда за мир.


Зошто постои човештвото

Најпрво, дозволете ми да ја искористам оваа прилика на сите да им ја честитам Кинеската Нова Година!

Бидејќи е Нова Година, треба да кажам неколку празнични зборови кои секој сака да ги слуша, но ја гледам опасноста која му се приближува на човештвото. Поради ова, Будите и боговите ме замолија да им пренесам на сите суштества во светот неколку зборови што боговите сакаат да им ги соопштат. Секој збор ги открива небесните тајни, а целта е луѓето да ја дознаат вистината и да им се даде уште една шанса да се спасат.

Зошто постои човештвото? Од своето формирање до крајот на времето, универзумот поминува низ долг процес, кој се состои од четири фази: формирање, стабилност, дегенерација и уништување. Штом универзумот, во последниот процес на „уништување“, ќе го достигне крајот на времето, сè во космичкиот домен, вклучувајќи го и универзумот во кој живееме, веднаш се распаѓа во непостоење! Сите животи се целосно уништени!

Кога човек умира, само неговото физичко тело на површината се распаѓа со текот на времето, додека првобитната душа (вистинското јас не умира) се реинкарнира во следниот живот. Универзумот има формирање, стабилност, дегенерација и уништување, а човечките суштества имаат раѓање, стареење, болест и смрт - тоа се законите на универзумот. Дури и Боговите минуваат низ овој процес, само што е потребно многу подолго време; повисоките богови минуваат низ уште подолг процес. Нивното раѓање и смрт не вклучуваат болка и во текот на целиот процес тие остануваат свесни; тоа е како да облечеш друг костум. Со други зборови, во нормална ситуација, суштествата навистина не умираат. Но, ако во последната фаза на формирање, стабилност, дегенерација и уништување универзумот и космичкото царство се распаднат, суштествата повеќе нема да се реинкарнираат, целиот живот и материја ќе престанат да постојат, и сè ќе се претвори во прашина, ќе се врати во ништожност. Човечкиот свет токму сега минува низ последната фаза на „уништување“ во процесот на формирање, стабилност, дегенерација и уништување. Се во последните времиња ќе стане лошо, па ќе дојде до уништување и тоа е причината зошто човечкото општество денес е во таков хаос. Луѓето немаат добронамерни мисли, се сексуално промискуитетни, психолошки перверзни, има неконтролирано злоупотреба на дрога и неверување во Бог - хаотичните појави се широко распространети. Ова е неизбежно во последните времиња на космичкото царсто и зборува за времето во кое стигнавме!

Создателот се грижи за боговите и за сите добри, прекрасни животи, како и за прекрасните креации во космичкото царство, и затоа во раната фаза на „дегенерација“ допуштил некои богови да дојдат до најоддалечениот слој на космичкoто царство (општо се нарекува „надвор од царството на Фа“), каде што немаше богови, и тој ја создаде Земјата. Но Земјата не може да постои сама по себе и мора да се потпре на циркулирачки систем на животи и суштества формирани во соодветна космичка структура. Заради оваа причина, Создателот изградил големо пространство надвор од Земјата; Боговите го нарекоа Три Света. Пред да започне спасувањето на крајот на времето, ниту еден Бог, без разлика колку е високо неговото ниво, не може да влезе или излезе од Трите Света по своја волја без дозвола на Создателот. Во опсегот на Три света, постојат три главни нивоа. „Светот на желбите“ ги вклучува сите суштества на Земјата, вклучувајќи ги и луѓето; вториот свет, изнад светот на желбата е „светот на формата“; следното ниво погоре е третиот свет, наречен „свет без форма“. Секој од световите е повисок и подобар од претходниот, но ниту еден не може да се спореди со небесните области во Фа внатре во тројниот свет и Фа надвор од тројниот свет. Небото за кое луѓето обично размислуваат се однесува на небото во Трите Света, било во Светот на Формата или во Светот без форма. Бидејќи секој свет има 10 небесни нивоа, има вкупно 33 небесни нивоа во Трите светови, вклучувајќи ги и самите три светови. Човечките суштества се во светот на желбата и тоа претставува најниско ниво, со најнепријателска средина. Човечкиот живот е болно краток; најстрашното е што човечкиот свет нема правилни принципи; човечките принципи во универзумот се обратни (освен принципите на Фа што ги научиле луѓето од боговите). На пример, победниците стануваат кралеви, моќта се добива со војување; хероите се силни итн. Во очите на Бога, ниту едно од овие не претставува правилен принцип бидејќи моќта се добива со убивање и ограбување. Универзумот и боговите не се такви, но во човечкиот свет тоа се неопходни, спроведливи принципи, бидејќи тие се принципи во човечкиот свет, кои се „обратни принципи“ од принципите на универзумот. Затоа, за да се врати во рајот, мора да се следат правилните принципи за да се „култивира“. Некои луѓе живеат малку подобро од другите и се чувствуваат многу добро поради тоа. Така, луѓето се споредуваат со другите луѓе во овој свет, но всушност нивните животи постојат во ѓубриштето на космосот - ништо повеќе. Трите светови се изградени во најоддалечениот слој на универзумот во космичкото царство и се направени од најниските, најгрубите и највалканите честички, како што се молекулите и атомите. Во очите на боговите, ова е местото во универзумот каде што се фрла отпад. Зашто, боговите сметаат дека нивото на молекуларните честички е нечистотија, или кал, и дека ова е најниско место. Ова е првобитното значење на религиозниот израз „Бог ги создаде луѓето од кал“. И навистина, токму овој слој на материја, составен од молекули, се користел за создавање на човечки суштества.

Боговите ги создале човечките суштества по налог на Создателот. Различни богови ги создале луѓето со различен изглед, и според сопствената слика, така што има луѓе од белата раса, жолтата, црната раса итн. Единствената разлика меѓу нив е во нивниот надворешен изглед, додека нивниот суштински живот им го дал Создателот. Затоа тие делат заеднички вредности едни со други. Создателот ги замолил боговите да создадат луѓе за да ги искористи на крајот на времето за да ги спаси сите суштества во космосот, вклучувајќи ги и боговите.

Тогаш, зошто Создателот наредил различните богови да создадат човечки суштества во таква инфериорна средина? Бидејќи ова е најниското ниво во универзумот, тоа е местото со најмногу страдања. Страдањето му овозможува на човекот да се култивира; страдањето му дозволува на човекот да се искупи за гревовите и кармата. Среде страдањата, ако некој сè уште може да остане добар, да биде благодарен и да биде добар човек, тогаш се издигнува. Освен тоа, спасението е процес одоздола нагоре — мора да започне од најниското место. На ова место, суштествата се мачат; има меѓучовечки конфликти заради интереси, условите на животната средина се тешки, па луѓето мораат да вложат ментална и физичка работа за да преживеат, и така натаму и така натаму. Сето ова им дава можност на суштествата да се издигнат и да ја отстранат кармата. Страдањето може да ја намали кармата - тоа е сигурно. Среде страдањата и конфликтите, ако човечките суштества сè уште можат да останат добри, тие ќе акумулираат заслуги и доблест, а нивните животи ќе се издигнат.

Со доаѓањето на модерното време, кога Создателот го користи човечкото тело за да ги спаси суштествата во универзумот, првобитните животи во човечките тела беа во голема мера заменети со „Богови“ кои се инкарнираа како луѓе. Тоа е затоа што човечките тела можат да ја елиминираат кармата преку страдање, а луѓето, во средина лишена од правилни принципи, можат да се придржуваат до правилните принципи како што ги учат боговите и да останат добри - со што го издигнуваат нивото на нивното битие. Крајните времиња пристигнаа, небесната порта на Трите светови е отворена, а Создателот избира такви суштества за избавување.

Сè во космичкото царство и универзум станало нечисто во процесот на формирање, стабилност и дегенерација и станало полошо во споредба со состојбата кога некогаш била создадена, па сè оди кон „уништување“. Ова значи дека сè во космичкото царство е расипано и ниедно суштество не е толку добро како што беше на почетокот. Сите суштества станаа нечисти, сите имаат карма, па ќе се соочат со уништување. Во религијата овој вид грев се нарекува „првобитен грев“. За да го спаси космосот, Создателот побарал многу богови и господари да слезат во човечкиот свет и да станат луѓе, да страдаат, да се подобруваат, да се искупат за своите гревови и се преправат во оваа средина, за да можат да се вратат во рајот. (Бидејќи во исто време со спасувањето на суштествата, Создателот го преправа и универзумот). Новиот универзум е апсолутно чист, величенствен. Ако некој може да остане добар во толку сурова животната средина, ако под налетот на современите идеи може да се задржи на традиционалните вредности, а во средината на нападот на атеистичките и еволутивните доктрини ја задржи вербата во божественото - таквиот ќе ја доживее судбината да биде спасен и вратен во своето небесно царство. Сите хаотични феномени се последните аранжмани на боговите за тестирање дали суштествата можат да се спасат. Во исто време, маките можат да ја намалат и кармата - сето тоа е направено со цел да се спасат луѓето назад во нивните небесни рајови.

Тоа значи дека луѓето не живеат во светот за да постигнат нешто во општеството. Луѓето заглавуваат во животот, даваат се од себе и се трудат на секој можен начин да се изборат за нешто, а тоа само ги прави полоши. Да се ​​спушти во светот за да биде човек е за да се елиминира гревот и кармата и за добро самокултивирање. Човечките суштества дојдоа во светот за да се спасат, тие дојдоа да бидат луѓе и да го чекаат Создателот, кој ќе ги спаси и врати назад во небесните царства. Додека чекаат, живот по живот акумулираат заслуги и доблести, а тоа е целта на реинкарнацијата. Хаотичниот свет им служи на суштествата за исполнување. Меѓутоа, среде тешкотии, некои луѓе побарале Божја помош но не го добиле тоа што го барале, па почнале да се лутат на боговите. Оттаму отидоа уште подалеку и им се спротивставија на боговите, а некои дури тргнаа по демонскиот пат и направија нова карма. За да имаат шанса, луѓето како овие мора брзо да се свртат, да побараат прошка од боговите и да се покаат. Всушност, сè во животот, без разлика дали некој треба да добие нешто или не, е резултат на кармичките последици од добрите и лошите работи направени во претходниот живот. Количината на благословите и количината на доблест акумулирана во претходните животи го одредуваат степенот на среќа во овој или следниот живот. Повеќе благослов и доблест, во следниот живот, човекот може да го замени за висока позиција или заработка, или за разни облици на богатство и благослови, вклучувајки и дали некој има среќно семејство и колку добро ќе се снаоѓаат неговите деца. Ова е основната причина зошто некои луѓе се богати, а некои сиромашни, некои имаат високи позиции, а некои немаат ни покрив над главата; тоа не е како што тврди демонската реторика за еднаквост, пропагирана од злобната Комунистичка партија. Универзумот е фер. Суштествата се наградени со благослови за добри дела и ќе мора да платат за лошите дела, ако не во овој, тогаш во следниот живот. Ова е апсолутен принцип во универзумот! Небото, Земјата, боговите и Создателот се милосрдни кон живите суштества. Небото, Земјата, луѓето и боговите се создадени од Создателот, кој апсолутно нема да се однесува со некои суштества на добар, а со некои на лош начин. Причинско-последични односи и кармичко казнување - ова се вистинските причини дали луѓето ќе имаат благослови во животот или не.

Добивка т.е. загубата се јавува во реалноста во форма на вообичаени појави во општеството, но во суштина тие се последици од постапките на самите тие животи, тие го жнеат она што ќе го посеат. Меѓутоа, дали некој има нешто или нема, дали ќе изгуби или ќе добие, се се манифестира во човечкото општество според условите во човечкото општество. Затоа, без разлика дали сте богати или сиромашни во животот, треба да правите добри дела, да ги избегнувате лошите, да останете добри, да го почитувате небото и боговите и да се радувате што им помагате на другите. На овој начин ќе акумулирате благослови и доблест, а ќе бидете наградени во следниот живот. Порано, од постарата генерација во Кина, често се слушаше дека не треба да се жалиме за мала мака во овој живот, и дека треба да правиме повеќе добри дела и да акумулираме повеќе доблест, па работите ќе бидат подобри во следниот живот. Со други зборови, ако не сте направиле добри работи, т.е. немате акумулирано благослови и доблест во претходниот живот, нема корист да барате помош од Бога. Универзумот има свои принципи, а и боговите мора да се придржуваат до нив. Ако боговите не го направат тоа што треба, и тие ќе бидат казнети. Не е толку едноставно како што мислат луѓето. Дали мислите дека боговите мора да ви го дадат она што го сакате? Условот е дека мора да имате акумулирано благослови и доблест од претходниот живот; мора да ги размените работите за благослови и доблест! Ова е определено со принципот Фа на универзумот. Но, на фундаментално ниво, ова не е вистинската цел за собирање благослови и доблест. Собирањето благослови и доблести во животот им служи на луѓето да се култивираат и да го отвораат патот за враќање во рајот, што е клучно; не служи за да се заменат за моменталната среќа во еден човечки живот!

Учителот Ли Хонгџи
20.01.2023 година

Сподели ја статијата:
Прегледи на статијата: 285

Бидете информирани. Пријавете се за нашитe вести и билтени.